subota, 19. rujna 2026.

ЖИВЕАМ И ОДАМ

 

ЖИВЕАМ И ОДАМ

Не живеам времето да ме прегази!

Живеам и одам заедно со времето.

Небрзам, иако се е толку забрзано околу мене  

јас не се селам во друга татковина 

под ова небо е мојата Татковина.

Каде и да одам таа патува  во мојата душа

исплнета во тишината на времето.

Те чувам и чуствува како мајчина љубов

за своето мило чедо.

Така се сака, тоа го научив од домот во кој растев,

во камената куќа во дворот на радоста

во мирисот на вечната љубов.

Живеам и одам  заедно со времето.

Соња Таировска Ѓурчак

19.09.2026

 

četvrtak, 3. rujna 2026.

МК

 💗💗💗

 Животот е приказна – во секоја приказна има вистина.

💗💗💗

Богатсвото на човечката душа е - карактерот.

💗💗💗

Кога се губи караттерот останува само душа полна со сува слама - 

во која нема ни едно зрно подмладок .

💗💗💗

Чувајго највредното во себе - доброто кое секогаш носи добро .

💗💗💗

Кога сите ти ги затвораат сите врати пред тебе - 

господ ги отвора и железните врати за тебе ...

💗💗💗

И денес живеј во радост..

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак

03.09.2026.