ponedjeljak, 31. prosinca 2018.

ПОЧИТУВАНИ бр 1,2,3.



ПОЧИТУВАНИ,
Се збогуваме и се заблагодаруваме на уште една година која заминува во магнетското поле во просторот и етеро кој ги запишува и чува сите вистини од овој наш живот кој е вистина, но сепак неоткриено богаство за нашето постоење овде и сега.Со голема благодарност да ја испратиме 2018 година низ која минувавме со многу радост,успех,среќа и уживавме во совршено здравје.Во широки прегратки да ја примиме новата 2019 година во која исто така си посакуваме да уживаме во секојдневно здравје, радост,стреќа успех и сите врати во посаканите желби да бидат ширум отворени.
Нашата радост секогаш да ја пее песната за МИР И ЉУБОВ за сите наши во Македонија и сите Македонци ширум светот и во целио свет да има МИР И ЉУБОВ
Сето ова Ви го посакувам на сите и оное кој оваа порака неимаат можност да ја прочитаат но мојата мисла нека биди жива струја и нека стигни до секоја душа .
СРЕЌНА НОВА 2019 година МИР И ЉУБОВ во целиот свет.
Соња Таировска Ѓурчак
31. 12. 2018 Улм

 
Почитувани,
како год ја пречекавме новата година,некој во големо весело распеано друштво,некој во помамло,или домашна атмосвера,многу и сами а полни со голема нада во новата година за исполнета радосна година .Закорачивме по патот на годината,запловивме по водите на годината,полетавме во просторот на годината,возот трга,авионот полета,полетаа сите бели гулаби за Мир и Љубов во оваа нова преубава година кој со гордос и радост ни стои на сите на располагање.Со радост и во радост да ја исплниме секоја минута и секоја желба вистина да ни биди и остварлива во оваа нова година.Да го почуствуваме пурсирањето на годината,да ја осетиме топлината на годината,да ја почуствуваме радоста на годината , со полна насмевка,да и бидиме благодарни и цела година да ни биди година на среќа и радост.
СРЕЌНА НОВА 2019 година МИР И ЉУБОВ во целиот свет.


Соња Таировска Ѓурчак
01. 01. 2019.Улм


Драги мои.
Триста шеесет и пет дена чекоревме во 2018 година која ни беше година на радост,сега стигнавме пак пред една нова 2019 година ,година во која имаме нада, вера, љубов за целата и во целата година.Широко ги отвори портите на радоста, среќата, вистината, светлината, убавината и венец стави од чиста љубов кој ни ја подари одма кога уште стрелките означуваа 24 часот и се разделуваа со полна прегратка годините две.И благодарам на годината која зеде збогум и замина,и благодарам и и се радувам на новата 2019 која со нов сјај и насмевка на лице ни пристигна.Посебно сакам на сите да ви ја испратам и оваа честитка како благодарност во се,за убавите моменти кој ги делевме заедно и во радост,со почит и во радост Ви благодарам СРЕЌНА НОВА 2019 година.

Ве сакам сите.Соња Улм ,Велес.
01. 01. 2019 Улм

nedjelja, 30. prosinca 2018.

СОН МЕ БУДИ

СОН МЕ БУДИ                                                       Во книгата бр:9


Сон ме буди мајко,
како кокиче во пролет,
под снежна покривка.
 
Се будам и го кријам сонот
во прегратка топла,
ги милувам спомените.
 
Во одаа и огниште наше 
уште искра свети,
а копнежот расти.

 
Го чувам сонот,
по вените каде крв течи
по водите на животот.
 
Сон ме буди мајко,
пред утрото бело,
а тебе, тебе те нема.


Соња Таировска Ѓурчак
30.12.2018 Улм


nedjelja, 23. prosinca 2018.

МК ...ХХХ


Bildergebnis für bilder kostenlos


💗💗💗


Секое време, остава приказна иза сабе.

💗💗💗

Денот е пат по кој патуваме целиот ден....
и пак се враќаме во домот на нашите мисли.

 💗💗💗

Бродчето на денот, 
го чека својот патни да заплови во убавините и изворите на денот...

💗💗💗 

Во аголот на животот има и добри поуки.

nedjelja, 16. prosinca 2018.

ВРЕМЕ

Времето во кое живееме е едно и единствено и полно е во радост, да се трага по радоста е непотребно,радоста не е тајна или скриена во приказните на животот,радоста се чита од секоја топла насмевка.


💗💗💗

МК ......ХХХХХ



💗💗💗

Она само што се има во себе
тоа само можи да се поклони.

💗💗💗

Стравот ја краде слободата.

💗💗💗

Умот е најголемиот пријател
а исто така и најголемиот непријател.

💗💗💗

subota, 15. prosinca 2018.

ПИШУВАЈ

ПИШУВАЈ


Пишувај на компјутер
или во некоја тетратка
која останала недопишана од школските денови.
Пишувај, животот е школо
кое е полно радост,
поделија радоста со моливот
која останува вечно.
Животот е богаство кое излегува однатре,
а се распостила надвор.
Животот води во слобода
со секој убав пишан збор.
Пишувај, секој збор
нека биди запишан со радост.


Соња Таировска Ѓурчак
15. 12. 2018 Улм


petak, 14. prosinca 2018.

ЦВЕТОТ ЦВЕТА афоризма

Цветот цвета и станува вистински,
независен,
силен и слободен,
ајде и ние сите од денес
да бидиме силен и слободен цвет.....
Bild könnte enthalten: Blume, Pflanze und Natur

četvrtak, 13. prosinca 2018.

MK XXXX

Ubavinata na denot sozdava dozivuvanje na stvarnosta,prensena so radost vo cvet.....

srijeda, 12. prosinca 2018.

ЖУБОР НА НОВ ЖИВОТ


 ЖУБОР НА НОВ ЖИВОТ                                 Во книгата бр:9


Кога сонцето се раѓа
под сенките на облаците,
месечината заминува
во прегратките на ноќта.
 
Зората го раздиплува сонот
исткаен во ноќната постела,
а во тишината се шири
мирис на роса,.
 
Врбата бранува со долгите златни коси
во огледалото на денот, минува
поточето распеано и будно.
Се слуша жубор на нов живот.


Соња Таировска Ѓурчак
12. 12. 2018 Улм

subota, 1. prosinca 2018.

МК .ххххх


 💗💗💗

Во лошиот збор нема вистина ни оравда.

💗💗💗

Убавиот збор е украс на секој јазик.

💗💗💗


Светот се гледа секогаш однатре,
како е натре во душата 
токму така е и надвор.....
💗💗💗 


Времето гледа,
посматра со божи очи
во свесно сторени сериозни грешки....

💗💗💗

srijeda, 28. studenoga 2018.

CVJET OVOGA SVJETA

CVJET OVOGA SVJETA


U miru mirisu cvjeta ,
cvjet ovoga svjeta,
cvjet ljubavi,
tu nek vreme stane.
Nek mirisom opije duse,
nek u ocima sunce sije
a ljubav nek vecno zivi
u srce ovoga svjeta.


Sonja Tairovska Djurcak
28. 11. 2018 Ulm



CVIJET OVOGA SVJETA

U miru mirisa cvijeta,
nek vrijeme stane
nek cvijet bude mir svijeta,
cvijet ljubavi.
Nek mirisom opije duše,
nek u ocima sunce sije
a ljubav nek vjecno živi
u srcu ove planeta.

Sonja Tairovska Durcak
28.11. 2018 Ulm


utorak, 27. studenoga 2018.

ВО ВРЕМЕТО бр.9

 ВО ВРЕМЕТО                                                   во книгата бр:9


Во времето и просторот се е вечно
во таа недопирлива материја,
која поминува како струја и е струја 
е распослана насекаде и во се,
и во овој убав ден  се сливаат убавините
на вечноста и остануваат вечни,
како и љубовта која бранува вечно.

Соња Таировска Ѓурчак 
27. 11. 2018 Ulm

РОДЕНДЕНСКА ЧЕСТИТКА



Драга ДАДЕ,
во времето и просторот
се е вечно,во таа недопирлива
материја,која поминува како стрија
и е струја е распослана насекаде и во се,
и во овој букет цвеќе се сливаат убавините
на вечноста и остануваат вечни,
а тоа е и сестринската љубов.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДАДЕ
ти честитаат ПАЦЕ,СОЊА и МИКИ.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 11 . 2017 Улм  



Во времето и просторот се е вечно
во таа недопирлива материја,
која поминува како струја и е струја 
е распослана насекаде и во се,
и во овој убав ден  се сливаат убавините
на вечноста и остануваат вечни,
како и љубовта која бранува вечно.

Соња Таировска Ѓурчак 
27. 11. 2018 Ulm


ponedjeljak, 26. studenoga 2018.

ВРЕМЕТО МЕ БУДИ

ВРЕМЕТО МЕ БУДИ


Не препознатлива
далечино
моја,
желба
мирис
песна
молив
оставаат трага
по каменот врел.
Капка роса
по лице паѓа
и во тишината
времето ме буди.


Соња Таировска Ѓурчак
26.11. 2018 Улм


utorak, 20. studenoga 2018.

УМОРНО Е ВРЕМЕТО

УМОРНО Е ВРЕМЕТО                                          Во книгата бр:9


Времето, пред светлиата спие
сонува во денот на трепавиците,
сонува со отворена пазува
со уморните дланки,
го стиска времето
које поминува во тунелот
во подземните брзини,
патуваќи пред денот на вистината.
Се буди вистината на вистинскиот сон
кое спие пред портата на радоста
во рајската градина на љубовта
уморено е времето.
Кое трага по сопствената светлина
паѓа пред маглите наречени нечовештво,
се топат, снеговите на славата
и животот кој не е долговечен.
Големината и брзината немаат форма,
уморно е времето
кое чекори во празнината на денот.


Соња Таировска Ѓурчак
20.11.2018 Улм

ponedjeljak, 19. studenoga 2018.

Мк ххххх


💗💗💗


Спокојно живее мудриот,
кледаќи го народот во душата....

💗💗💗


Учи и создавај
постигниго најдоброто....


💗💗💗

Секој ја слика сопствената слика,
во времето и просторот и денес.

utorak, 30. listopada 2018.

Мк.....



💗💗💗

 Во убавината на животот царува вистината.

 💗💗💗

Секој нов ден носи напредок и радост.

💗💗💗 


Животот во кој живееме сега е преполн со добрини....

💗💗💗

Животот е избор морска шкољка или сокол....

💗💗💗

  Очите не можат да го видат целиот свет,...

subota, 27. listopada 2018.

МК....ххххх

 💗💗💗

Кога сонот ,
сонот ти го кради,
сонувај го пак најубавиот сон.

💗💗💗 


Ништо,
неможи да биди поголемо и посилно
од
љубовта.
💗💗💗

ponedjeljak, 22. listopada 2018.

МК ....ххххх

💗💗💗

Колку е тешко,странац во властита кожа.....

💗💗💗

 Водата никогаш не се враќа назат, природен закон кој вреди почит ....

💗💗💗 

 Водата е најпотребна , исто времено и непобедлива ...

💗💗💗

Очите копаат извори а душата плачи.

💗💗💗

 Мудриот создава а небара признание...

💗💗💗

Испод небото и на земјата има секој право на живот...

nedjelja, 21. listopada 2018.

ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ НА ЖИВОТОТ расказ

ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ НА ЖИВОТОТ


Замрачок се пушта над градот кој се протега по висините на светлината.
Радиото ја раскажува децката приспивна приказна,а пото наставува со вестите.
Риболовот во овај преубав ден од морските убавини е најголем.
Низ богатиот морски род пронајдена е и златна кутија која е извлечена со морскиот риболов...
Го објави радиот на канал 7.ум.
Овој ден е најубавиот ден во мојот живот,само што си помисли диретторот Финес од Канал 7ум,и зазвони телефонот,на другата страна на телефонот го слушна гласот на неговата жена Ева, која возбудено а внимателно праша:
Што пронајдоа во морето?
Златна кутија!
Да, да златна кутија.
Што има во неа, праша љубопитно неговата жена Ева?
Незнам, заклучена е.
Утре ќе ја однесиме на испитување и ќе ја отвориме.
Потоа ќе видиме која тајна ни ја открива златната кутија.
Вистинското богаство се наоѓа во длабочините на морето си помисли Ева жената на дирекекој од радио 7ум.
После утринскот доручок се разделија како и секој ден со поздрав за убав ден.
Радосно замина на својот работен ден директорот Фенис,времето не е пари,во времето има многу нешто поважно си размислуваше одеќи по патеката до работното место.Времето е богато со убавини расцветани долините и во длабочините на водите,мислите му се обогатуваа во вакви и уште посилни мисли,мислеќи и на златната кутија.
Добро утро,
ги поздрави директорот Финис сите вработени,со благо насмеано лице које сакаш да праша:
Дали има нешто ново од истражувањето на златната кутија?
Поново зазвони телефонот,сега на линија е господинот Илија на кого му беше поверена златната кутија да ја отвори и да ја испита.
Добар ден овде Илија добар ден го одпоздрави директорот Фенис,господин Илија
Илија винимателно полека почна да му објанува,за златната кутија која му беше поверена и дадена на испитување.
Кутијата е во непроценлива врност и стара многу, многу векови, и земјата се затресе кога ја отворивм,како да беше полна струја.
Во златната кутија запишани се само три броја 369 кој се клуч на таинствената врата на светот која треба да се пронајди.
Во моретро се крије најголемата тајна,песната на морето која ја пеат птиците на брегот,песната на морскиот ветер кој ја гали и тишината на морето.
Секоја тајна има свој број ,така и оваа тајна од 369 останува неодговорено прашање
на животот и просторо на времето.
Изненаден директорот Финис од одговорот кој очекуваш многу повеќе, и звони на Ева, и ја кажува новоста:
Златната кутија е отворена и во неа е пронајден само број 369 кој е клуч од времето и просторот на животот.








ВО КНИГАТА ПИШУВА ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА ЖИВОТОТ

Ви благодарам,за овде и сега,додека во светот се сее сила и страв поетот слободно пишува .ги собира и реди зборовите во книгата на денот, а убавината на денот ја делиме сега заедно.Ве поздравувам со радост јас сум СОЊА ЃУРЧАК,ќе ја прочитам творбата ВО КНИГАТА ПИШУВА ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА ЖИВОТОТ:

petak, 19. listopada 2018.

ЕДНА СТАРИЦА

ЕДНА СТАРИЦА

Минува по лицето на земјата
по улиците на очите
буди сеќавања
дарува надеж,
тагува и крие ,
за сонот кои уште спие.
По улиците потекоја солзи,
прегратките останаа празни,
една старица ја мина земјата,
во шамијата остави љубов.

Соња Таировска Ѓурчак
17. 10. 2017 Улм

СЕГА СУМ ДОМА

СЕГА СУМ ДОМА    Во Скопје и , Во книгата бр: 9

Светот е убав,светот е многу убав,мојата родина, мојата Татковина најубава од цел свет.Сега,да се биди тука,да се осети топлината да се види светлинатса да се допр вистината ,понос и гордост е од љубовта.
Сега сум дома !
Да се пишува да се твори и род да се стори,значи да се сака,да се сака треба да се моли молитвата е светлината на љубовта.
Преку љубовта се искажува желбата желбата на животот.
И во туѓината се сака Татковината.
Туѓинец сум во туѓа земја! А ги следам изворите на рајот од мојата Татковина.
Скитник, странец со полна надеж, за  мојата земја.
Не, несеплашам од далечината
Некој,некој  ми ја кради вистината.
Се плашам од темнимнината на времето.
А јас сум уште странец.
Сега сум дома.
И сега во овој час, ги изговара зборовите мојата душа,ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈО,ТИ БЛАГОДАРАМ ТАТКОВИНО.
На оваа прекрасна манифестација го слушам внатрешното шепотење и жуборот на моето срце,го следам изворот на љубовта од мојата родина.Во туѓина молам и   постам, долгиот пост ја преставува мојата далечина.Далеку е мојата Татковина .А сепак многу блиску,толку блиску се раѓа со  зората,а утрото ја носи пак љубовта која ме милува и гали а тоа е мојата родина мојата МАКЕДОНИЈА. Ви благодарам на сите присутни,што и дадовте богаство на оваа преубава промоција на овие творештва кој оставаат белег во литературата во културата,остаават толина запис во корените на Македонската почва.Каде да бидиш,со кого да бидиш само прав човек биди ,биди пратеник Македонски  чувааја и сајака утробата МАКЕДОНСКА,понесете радост понесете љубов,секаде во светот од Македонија.ВИ БЛАГОДАРАМ

КОГА ЗЕМЈАТА ГОСПОД ЈА СОЗДАДЕ

КОГА ЗЕМЈАТА ГОСПОД ЈА СОЗДАДЕ                 Во книгата бр:9


Кога земјата господ ја создаде
нанижа гердан бисери со зборови,
ја благослови, земјата Македонија
и нејзиниот народ македонски.
Вечни и благословени од бога сте
македонци,
заслужно, ова парче земја ви ја доделувам
овде шумат шумите,
овде извира водата на животот
овде расти разумот,
овде е запишано светото писмо,
со златни букви е испишана вечната љубов
за светата книга и оваа земја смрт нема.


Соња Таировска Ѓурчак
03. 06. 2018 Улм

Струшките вечери на поезијата од 22 /27. 08. 2018 Струга

https://scontent-frx5-1.xx.fbcdn.net/v/t1.0-9/40535931_2168107180071108_6434444029743595520_n.jpg?_nc_cat=109&oh=17532fe7d5cb9eb0a88de8a7897d8762&oe=5C4EBDAD

subota, 13. listopada 2018.

МК...хххх



💗💗💗

Многу риби се жедни
во океанот на животот...

💗💗💗

Секоја риба на суво умира...


💗💗💗

Ширината е широка во недоглед
во денот на радоста...

💗💗💗

Височината е висока,
далечината е далеку,
ширината е широка,
а украс на благородната душа е мирот.

četvrtak, 11. listopada 2018.

МК ....хххх


 💗💗💗


Мал број од птици 
несат во туѓо гнездо....
а голем број се птици 
грабливици....

💗💗💗


Не се тагува по скршеното бардаче,
ни бардачето се лепи,
ни водата се собира.

💗💗💗


Секоја река која течи 
е чиста и бистра.

💗💗💗

ponedjeljak, 1. listopada 2018.

ДЕНОТ МИРИСА НА ЕСЕН

ДЕНОТ МИРИСА НА ЕСЕН                                 Во книгата бр:9


Денес,
денот мириса на есен,...
Зората се буди од перница на ноќна,
тишина во повојот,
кој радост чека
во кал, крцкаат калдрми твои
а во очите реките матни.
Јунаци лежат, коски оставија
под камен твој
во тебе мир бараат.
Родино, Татковино
не умирај во очите туѓи.
И денес, денот мириса на есен .


Соња Таиривска Ѓурчак
30. 09. 2018 Улм

nedjelja, 23. rujna 2018.

MK


 💗💗💗

 Природата и уметноста
зборуваат на ист јазик
и ги разбираат сите јазици....

💗💗💗

 Малку среќа во прегратките на
секоја душа, 
светлина и радост во целиот свет.

💗💗💗

 
Нема потреба од крадење 
на сопствениот мир 
се има своја цена....

💗💗💗

 Секој сон има сопствено небо.

💗💗💗

subota, 22. rujna 2018.

МК


💗💗💗

Еден цвет илјада зборови,
глас од тишината.

💗💗💗

Зад секое прашање стои одговор,
зад секоја лага вистина,
во животот нема непрочитана мисла,
чуствувај, сакај, ненапаѓај животот е само еден
и секој има право и благослов од Бога во овој живот еден исто.....

💗💗💗

 
Уметноста е јазик,
кој сите јазици ги разбира,
мудро патува го следи правецот
и ја пронаоѓа улицата.

💗💗💗

Кога машините ја певземаат работата,
луѓето заминуваат......


subota, 15. rujna 2018.

МК....

 💗💗💗

Радоста е извор,
која излегува од изворот солза радосница...
имајте сите и секогаш радост...

💗💗💗

Животен закон вели,
ако неможиш да браниш,
немој да напаѓаш,
има некој кој вистината ја следи.

💗💗💗

Искористувањето не е способност
тоа е подмуклост....


💗💗💗 

 Секојдневно се учи и од оние кој немаат факултет,
а се патува со оние кој го поминале тој пат....


utorak, 11. rujna 2018.

МК ....



💗💗💗

Птицата се познава по гласот. а човекот по зборот.

💗💗💗

Зборот е закон .....

💗💗💗

  
Нефрлај ѓубре во водата,
ни лоши мисли по лјуѓето... се е живот ...

💗💗💗


Расти и радувајсе
секој ден со секој
радоста носи радост.


nedjelja, 9. rujna 2018.

ЖИВОТОТ ЖИВЕЕ мк афоризма

Животот живее и патува,
чекор по чекор,
остана убавото да се помни,
останаа спомени запишани
по тевтерите во секое добронамерно срце.....
животот живее.....

srijeda, 5. rujna 2018.

МК .......

💗💗💗

Птицата не го напушта подебесието,
ни рибата водата 
природен закон кој кажува многу.....

💗💗💗

Делата не се височина 
делото го прави човекот....

💗💗💗 

Острото сечило многу бргу се иступува...

💗💗💗

Секоја мотика трга предсебе.....

ponedjeljak, 3. rujna 2018.

МК....



 💗💗💗

Просторот е порта на сите вистини и тајни.....

💗💗💗
Животот е извор кој извира од мајката земја
и ја напојува рајската градина....

💗💗💗

Тоа што се сее,тоа и се жнее....

💗💗💗

Во плодната земја расти секое семе
и доброто и лошото.

💗💗💗

Се што се купува за пари се е заменливо
а оно што се добива без пари
тоа е не заменливо.

subota, 18. kolovoza 2018.

МК ......

 💗💗💗

Опростии на прошлоста, прегрнија иднината.....

💗💗💗

Работам, стварам и живеам ,а не да плаќем само сметки.
💗💗💗

Времето никој неможи да го промини,дадено ни е на сите исто за користење.

💗💗💗

Вистината е најголемото богаство што води во чист живот.

💗💗💗

Животот нема граници ништо не е нејасно нити е магловито,секој убав почеток има и убав крај ,каде владее најсовршената вера и вистина....

💗💗💗 

Животот е рудник од каде се копа рудата на животот а не е тајна.

💗💗💗

Zivotot e rudnik koja se dolovuva od dlabocinite na toj ziv rudnik koj e sekojdnevno ziv i go gradi zivotot so podzemnoto bogastvo a go osvetluva svetlinata i ne e tajna.....

srijeda, 8. kolovoza 2018.

СЕ РОДИ ДЕНОТ


СЕ РОДИ ДЕНОТ                                                                   Во книга бр :9

Заиграа ноти под кожата на денот,
потекоа бразди во ораниците на умот
врева се роди во стакленото време
се роди младост, се роди радост,
се роди и звукот на денот.
Со утринска песна раскажува денот,
кој секој ден понова се раѓа.
Се роди денот по должината
по должината на часовникот
и чекори испред мене.

Соња Таировска Ѓурчак
08.08. 2018.Улм

četvrtak, 2. kolovoza 2018.

ВО ДОМОТ НА ОСАМЕНОСТА


ВО ДОМОТ НА ОСАМЕНОСТА                                    Во книгата бр 9

Во секој агол на осаменоста
се крие надеж.
А јас, ја слушам тишината ,
тежината ми ја краде татковината.
Сонот спие, а ноќта е будна.
Звездите ја чекаат зората
како на граничен прелаз,
да ја преминат ноќта.
Ги слушам птиците,
птиците преселници
кој ја најавуваат пролета.
Во домот на осаменоста
се е исто како и вчера,
остана само, љубовта врзана
во цветната шамија.

Соња Таировска Ѓурчак
02. 08. 2018 Улм

utorak, 31. srpnja 2018.

ВО МОРЕТО НА ДЕНОТ

ВО МОРЕТО НА ДЕНОТ                              Во книга бр 9

Во зората рана,
кога бродот трга,
да плови
по мирните води
во морето сино
во потрага на новиот ден,
плови во морето на денот.
а времето,
широко распослано
во морето на денот.

Соња Таировска Ѓурчак
31.07. 2018 Улм


ponedjeljak, 30. srpnja 2018.

МК....



💗💗💗

Во секое време има и време...

💗💗💗

Туѓи раце го прелистуваат сонот 
под дебелите сенки ,
а сонцето пак некаде далеку ќе зајди.

 

nedjelja, 29. srpnja 2018.

ПОМНИ

ПОМНИ                                                                   Книга бр 9

Помни и незаборавај
и кога солза по лице паѓа
убави спомени само враќа.
Животот пружа сега многу
а времето е исто како и тогаш,
помни,незаборавај
ја почвата која неранеше
гумното, кога ги собиравме
зрната кој како дијаманти
беа ширум раширени
од копитата на коњите.
Помни и пак оди напред,
таа е најјаката молитва
за подобро денес.
Помни го богаството од родната куќа
од каде го понесовме
семето на животот,помни.....

Соња Таировска Ѓурчак
29. 07. 2018 Улм

četvrtak, 26. srpnja 2018.

МК !!!

💗💗💗

Слушнија душата своја,
разберија,
само така можиш да ги
разбериш и другите души
околу себе,......

💗💗💗

Каде гори оган,
нефрлај слама...

💗💗💗

Патувај со времето,
но следија патеката на добрината....

💗💗💗

Меѓу пукнатините на денот,
остана гласот од неизреченото,
а, денот патува.

💗💗💗

subota, 21. srpnja 2018.

МК

💗💗💗

Не киниги корењето на радоста,
некојa невидлива сила води еведенција.....

💗💗💗

Благо состојбата е во понашањето....

💗💗💗

Долгите прсти, имаат кратка рака .....

💗💗💗

Убавото е осветлено ....

💗💗💗

Добрината можи да биди,
одличен факултет кој се завршува во поздрелите години,
кога се прогледува  со наочарите од народот....лошо искуство.....

💗💗💗

Во силата нема уметност....

💗💗💗

Мудриот не е итрец,он ја сака вистината.....

 💗💗💗

СЛОБОДО КАКО ПТИЦА ВО ЛЕТ

СЛОБОДНО КАКО ПТИЦА ВО ЛЕТ                      Во книга бр: 9


Сончеви здраци кои галат,
ноти на птица во лет срце и палат.
Природата ја красат,
од гора зелена, птиците се гласат.
Таму далеку негде,
под небото сино,
распослано е морето сиво,
птица во лет над морето сиво
под облаци бели према небото сино
птица, песна пее за мир во светот.
Детска насмевка во просторот
на светот, е птица во лет.
За мир и љубов за светот пеат
сонот вистински детски така го сеат.
Слободно како птица во лет.

Соња Таировска Ѓурчак
21. 08. 2018 Улм

utorak, 17. srpnja 2018.

МК

💗💗💗
Патот на животот е
најдолгото патување.

💗💗💗

Неубавите зборови 
и себичното размислување 
не се покриваат 
со безбројните поклони... ништо нема сјај....

💗💗💗

Не е богат оној кој сака само да земи,
богат е оној кој сака од своето да дади..... 

💗💗💗

Душата не се богати со туѓа пот
тука нема благослов....

💗💗💗

Да се шириш на туѓо,
каде не си подал ни чаша вода не е уметност,
има некој кој ја гледа вистината .....

💗💗💗

Не плашисе од Бога,господ не суди
суди душата која ниско паѓа....
Во дупката на стравот....

💗💗💗

Пробудија заспаната душа 
да ја види светлината на денот.

💗💗💗

 

petak, 13. srpnja 2018.

AFORIZMI

АФОРИЗМИ

💗💗💗

Стрпливоста патува по патот на успехот.

💗💗💗

Грешката е потик до побрз и поголем успех.

💗💗💗

Успехот е една формула, кој сами ја решаваме,пишуваме и креираме.

💗💗💗

Една радост носи многу радости.

💗💗💗

Желбата е молитва која оди по патот на вистината стигнува до успехот.

💗💗💗

Со брзина на времето патуваат мислите и стигнуваат до успехот.

💗💗💗

Добрите мисли се градат како темели кој остануваат вечни.

💗💗💗

Изборот на мислата е слободен,бирај секогаш убава мисла.

💗💗💗

Каде нема грешки,нема успех.

💗💗💗

Читај таму каде ништо не пишува,времето рецитира......

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак
13. 07. 2016 Улм

utorak, 10. srpnja 2018.

МК



💗💗💗

Срцето пее, по нотите на природата, полно е во радост....

💗💗💗

Мудроста доаѓа со радост.....

💗💗💗

Грешно размислување носи неслога....
а секој има право на својте мисли......

💗💗💗

Живото има многу бои....

💗💗💗

За секое добро се враќа добро.

 💗💗💗

Од смирното срце извира радост ...

💗💗💗

 Долга е приказната кога ќе се сретнат,денот и зборот.


nedjelja, 8. srpnja 2018.

КАДЕ ЛИ ДА ТЕ БАРАМ

                                                          

 

 

 

                                                                                                                 книга бр:9

 КАДЕ ЛИ ДА ТЕ БАРАМ



Кој пат сега води ?


На исток, запад, север или југ

кој пат води во живот друг.


Ќе те пронајдам, со тагата на срцето

таму каде те оставив пред еден век.


Во пазува тола, на чинарот стар

останаа запишани јунаци кој изчеснаа во ноќта

таму вечно свири, виолината за мир

под чинарот стар, таму те бара......



 


Соња Таировска Ѓурчак
08. 07. 2018 Улм

subota, 7. srpnja 2018.

ДОБРОТО .... афоризми


 💗💗💗

Доброто секој брзо го заборава,зато што е добро,
не смее да се памти, што е добро,го уморува човечкиот мозок,
на неубавото и споменици подигаме!!!!!!!

💗💗💗

Еден ден,кога ке сакаш да влезиш во градината на радоста,ќе биди доцна цветовите на љубивта овена, овена цветната ливада која полна беше радост.....а омразата покоси како есенска слана се се што цветаше....но животот дава само еднаш топла љубов,која не се мери ни со дијаманти,но сигурно  немаме сите исти  чувтвува,чуствата се чуваат до века никој нема сила да ги смени само душата наша.................................................................................................................

💗💗💗

 
Во секоја длабочина и темнина 
се кријат искри од честици 
од кој се чита најискрајната 
вистина на времето и денес.

💗💗💗

 Не киниго цветот
ако сакаш
да собираш плодови.

💗💗💗

Мислата е патот кон вистината...


ЖИВОТОТ Е КАКО РЕКА афоризми

 💗💗💗

 
Животот е како река,брза низ долини,паѓа од висини и пак го пронајдува патот до морето на НАДЕЖДА.

 💗💗💗

Zivot je kao reka ,zuri niz doline pada sa visine ,no opet pronadje put do more nade.....

💗💗💗

 
Во природата е распослана тишината но сепак ги буди заспаните, птици.....


 💗💗💗

Изутрина сонце светна ,од цвет бел бисер се рони и во светлина оди.....

💗💗💗 



srijeda, 4. srpnja 2018.

ПЛОД СЕМЕ ШТО ЉУБОВ СЕЕ

 
 
 
                                                                                                              Во книгата бр: 9 
ПЛОД СЕМЕ ШТО ЉУБОВ СЕЕ    
 
Да сум капка дож, 
ќе капнам,
да биди капка мелем,
да биди на болната рана.
Кога ветрови
лупат мајчино име,
да биди капка мелем
да биди на болната рана.
Каде свеќа се топи,
во прегратка туѓа.
да биди капка мелем
да биди на болната рана.

Да сум капка дож,

да се вливам во изворите на вечноста
да ме грее сонце наше,
топли бранови да ме милуваат,
да ме опива мирис од жито здрело.
Да сум капка дож,
да капнам и останам во мајчината почва,
да останам,
плод семе што со љубов сее.....


Соња Таировска Ѓурчак
04. 07. 2018 Улм

























































 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



utorak, 3. srpnja 2018.

САМО ЕДНАШ

САМО ЕДНАШ                                                             Во книгата бр: 9 


Само еднаш, сакам
да бидам во небеското царство
небеска кралица ,
да ја допрам висината на небото,
да ги милувам звездите,
да ги китам со радост.
Само еднаш се сонува ваков сон
кој те понесува
пред портата на небеското царство...
само еднаш,
небото се скри во дното на езерото.

Соња Таировска Ѓурчак
03. 07. 2018 Улм

ponedjeljak, 2. srpnja 2018.

СОНОТ МЕ БУДИ

СОНОТ МЕ БУДИ


Кога заспивам, сонот ме води
во убавините дома оди.
Сонувам како одам по дворови цветни,
на перница бела,
сонувам играм и пеам.
Во цветна градина мирис ме буди,
мирис на багрем бел.
Сонот ме буди во постела туѓа.....

Соња Таировска Ѓурчак
02.07. 2018 Улм

ponedjeljak, 25. lipnja 2018.

ТИ СИ СЕКОГАШ БЛИСКУ

ТИ СИ СЕКОГАШ БЛИСКУ                     Во книгата бр 9

И кога стојам некаде сама,
и кога неможам повеќе да одам
ти си секокаш блиску
далечина не постои,
ме галат и милуваат твоите коси,
мирис на жито и јачмем здрел,
закитени полиња наши,
со црвени и жолти лалиња
ти си секогаш блиску.

Соња Таировска Ѓурчак
25. 06. 2018.Улм

НАСМЕВКА БЛАГА

  НАСМЕВКА БЛАГА                                               Во книгата бр:9

Треба да се кажи  за една желба жива,
која стои пред прагот на душата,
да не ги закопуваме заедно  
живите и умрените желби 
за да им е лесна земјата.
Шепоти молитвата пред умрените.

А вистината гледа,со насмевка блага
каде ли да ја барам?
Таа желба жива
таа желба жива со насмевка блага.


Соња Таировска Ѓурчак
25. 06. 2018 Улм

КАДЕ ИМА РАДОСТ

КАДЕ ИМА РАДОСТ                                      Во книгата бр:9

Матна е водата
од дождови силни,
која течи, пред очите мои.

По улиците, кал
уморни и тешки чекори
ги матат мисли мои.

Во кое сокаче се крије радост?
Кажи, кој дели милост?

Соња Таировска Ѓурчак
25. 06. 2018 Улм

utorak, 12. lipnja 2018.

МК .....


💗💗💗

Во недоразумот нема сила,
има недоразбирање.

💗💗💗

Туѓите забелешки не се критики,
само подобрување 
на она што сами не го забележуваме.

💗💗💗 


За се што е убаво се молчи,
а за неубави нешта
се зборува многу и долго.....
💗💗💗
Сите нешта се раѓаат во поднебесијата....  

💗💗💗



Вистината не се спротиставува,
молчи не зборува ,
низ тишината одговара и победува....



 

МК .....


 💗💗💗

Во недоразумот нема сила,
има недоразбирање.

💗💗💗

 
Зборот дава сила
за децата наша мила
убави спомени оставаат трага
песни се редат, во хор
со убавиот мајчин збор.


💗💗💗

Убавиот збор
сам се преведува
на многу јазици....


💗💗💗


Секое подобро е радост,од кое се учи....

subota, 9. lipnja 2018.

БУДНО СЕЌАВАЊЕ

БУДНО СЕЌАВАЊЕ                                                                          Во книгата бр:9                           

Дотрчав до брегот а,
бродот замина по патот на водите,
се разминаа збогувањата
низ тишината на таласите
а, светлината заспа во твоите очи.
Будно сеќавање од изворите на животот
на изодениот пат, кој тивко ја пее песната
со зборовите кој останаа недоречени.
Будно барам и сеам семе,
за вистината која расти и цвета
на крајот од патот, по езерските води.
А, збогум не зедовме,
остана будно сеќавање.

Соња Таировска Ѓурчак
09.06. 2018 Улм.