Ви
благодарам,за овде и сега,додека во
светот се сее сила и страв поетот слободно
пишува .ги собира и реди зборовите во
книгата на денот, а убавината на денот
ја делиме сега заедно.Ве поздравувам
со радост јас сум СОЊА ЃУРЧАК,ќе ја
прочитам творбата ВО КНИГАТА ПИШУВА
ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА ЖИВОТОТ:
ВО КНИГАТА ПИШУВА
ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА
ЖИВОТОТ Објавена во книгата СВЕТЛИНАТА НА
Животот, се
протега ЗБОРОТ бр 8
во далечините
на стравот.
Огледалото го
гледа небото
повикуваќи ги
сите птици,
кон далечините
на животот.
Љубов е зборот,
овде што
останува,распослан
по гранките на
стариот даб.
По морето таласа
сонот
на многу бегалци,
кој остаана да
го сонуваат сонот
со морската
кралица.
Овде не застанува
животот,
во книгата
пишува,
на оваа улица
нема број.
Пепелта се вее
со ветрот кон небото
и цвета со
морските цветови.
Денови не бројани
години не мерени
во векови не
извекувани
пред портата на
животот
кој останува
тука.
Ноќта ја зима
последната
недогорена
свеќа,
а восокот се
разлева по земјата
по билките на
црно бели цветови.
Животот изграден
во темелите
на ветровите се
огледува во туѓите очи,
овде не застанува
животот,
во книгата
пишува.
Запалено
кандилото,останува
да гори во
чистините на небото.
Ангелите прегрнати
раскажуваат
за вистината на
далечините
и сенките кои
остануваа овде,
во книгата
пишува....
Соња Таировска Ѓурчак
sonja.durcak@gmail.comНаградена песна во Национална и универзитетска библотека „Св.Климент Охридски „ Скопје .2017 Скопје. |
Nema komentara:
Objavi komentar