СЕ РОДИ ДЕНОТ Во книга бр :9
Заиграа ноти
под кожата на денот,
потекоа бразди
во ораниците на умот
врева се роди
во стакленото време
се роди младост,
се роди радост,
се роди и звукот
на денот.
Со утринска
песна раскажува денот,
кој секој ден
понова се раѓа.
Се роди денот
по должината
по должината на
часовникот
и чекори испред
мене.
Соња Таировска
Ѓурчак
08.08. 2018.Улм
Nema komentara:
Objavi komentar