ЕДНА СТАРИЦА
Минува по лицето
на земјата
по улиците на
очите
буди сеќавања
дарува надеж,
тагува и крие
,
за сонот кои
уште спие.
По улиците
потекоја солзи,
прегратките
останаа празни,
една старица ја
мина земјата,
во шамијата
остави љубов.
Соња Таировска
Ѓурчак
17. 10. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar