Сон ме буди мајко,
како кокиче во пролет,
под снежна покривка.
Се будам и го кријам сонот
во прегратка топла,
ги милувам спомените.
Во одаа и огниште наше
уште искра свети,
а копнежот расти.
Го чувам сонот,
по вените каде крв течи
по водите на животот.
Сон ме буди мајко,
пред утрото бело,
а тебе, тебе те нема.
Соња Таировска Ѓурчак
30.12.2018 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar