ДЕНОТ МИРИСА НА ЕСЕН Во книгата бр:9
Денес,
денот мириса на есен,...
денот мириса на есен,...
Зората се буди од перница на ноќна,
тишина во повојот,
кој радост чека
кој радост чека
во кал, крцкаат калдрми твои
а во очите реките матни.
Јунаци лежат, коски оставија
под камен твој
во тебе мир бараат.
Родино, Татковино
не умирај во очите туѓи.
И денес, денот мириса на есен
.
Соња Таиривска Ѓурчак
30. 09. 2018 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar