srijeda, 12. prosinca 2018.

ЖУБОР НА НОВ ЖИВОТ


 ЖУБОР НА НОВ ЖИВОТ                                 Во книгата бр:9


Кога сонцето се раѓа
под сенките на облаците,
месечината заминува
во прегратките на ноќта.
 
Зората го раздиплува сонот
исткаен во ноќната постела,
а во тишината се шири
мирис на роса,.
 
Врбата бранува со долгите златни коси
во огледалото на денот, минува
поточето распеано и будно.
Се слуша жубор на нов живот.


Соња Таировска Ѓурчак
12. 12. 2018 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar