ПЛОД СЕМЕ
ШТО ЉУБОВ СЕЕ
Да сум капка дож,
ќе капнам,
да биди капка
мелем,
да биди на болната
рана.
Кога
ветрови
лупат мајчино
име,
да биди
капка мелем
да биди
на болната рана.
Каде
свеќа се топи,
во прегратка
туѓа.
да биди
капка мелем
да биди
на болната рана.
Да сум капка дож,
да се вливам во
изворите на вечноста
да ме грее сонце
наше,
топли бранови да
ме милуваат,
да ме опива мирис
од жито здрело.
Да сум капка дож,
да капнам и останам
во мајчината почва,
да останам,
плод семе што со
љубов сее.....
Соња
Таировска Ѓурчак
04. 07. 2018
Улм
Nema komentara:
Objavi komentar