četvrtak, 2. kolovoza 2018.

ВО ДОМОТ НА ОСАМЕНОСТА


ВО ДОМОТ НА ОСАМЕНОСТА                                    Во книгата бр 9

Во секој агол на осаменоста
се крие надеж.
А јас, ја слушам тишината ,
тежината ми ја краде татковината.
Сонот спие, а ноќта е будна.
Звездите ја чекаат зората
како на граничен прелаз,
да ја преминат ноќта.
Ги слушам птиците,
птиците преселници
кој ја најавуваат пролета.
Во домот на осаменоста
се е исто како и вчера,
остана само, љубовта врзана
во цветната шамија.

Соња Таировска Ѓурчак
02. 08. 2018 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar