utorak, 3. srpnja 2018.

САМО ЕДНАШ

САМО ЕДНАШ                                                             Во книгата бр: 9 


Само еднаш, сакам
да бидам во небеското царство
небеска кралица ,
да ја допрам висината на небото,
да ги милувам звездите,
да ги китам со радост.
Само еднаш се сонува ваков сон
кој те понесува
пред портата на небеското царство...
само еднаш,
небото се скри во дното на езерото.

Соња Таировска Ѓурчак
03. 07. 2018 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar