subota, 30. siječnja 2016.

ТУЃИ АЛТАНИ ОСТАНАА ТУКА

ТУЃИ АЛТАНИ ОСТАНАА ТУКА


Тоа што историјат го заборава
времето го пишува,
под последните паднати лисја од стариот даб.
Гнијат под сенките на сонцето
стапките ги будат од заспаниот сон
а,месечината ги милува како нај убави
цветови во цвеќарата на честа.
Туѓи алтани останаа тука
кој како кокичето се будат
зо зората на пролета
а ластовичињата ја пеат песната
што времето ја пишува
за туѓите алтани кој останаа тука.
Ги бројат чекорите да не ја заборават
молитвата од напуштениот дом.
Далечината е толку блиска
поблиска и од сонот како заталкан патник
а алтаните ги остави тука.

Соња Таировска Ѓурчак

30. 1. 2016 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar