УМОРЕН Е СВЕТОТ
Се слушаат
чекори,
кој уморно
одекнуваат
по улицата на
животот,
од тешки чевли,длабоко
потонати мисли,
уморен е светот.
Пред нозите на
уморна душа,
која раскажува,
една долга
животна приказна,
пред публика која
во занос слуша,
гледаќи уморно во
излогот на последната
зимска распродаја.
Од аголот на
спротивната страна
се слуша песна од
една старица,
која веќе одамн
на истото место пее.
Не не ја
разбирам,ме занесува само
мелодијата кој ме
посеќа на детството
кога се пееа нашите
песни жетварки.
Уморен е
светот,од жетвата по
смрзнатите улици,чекореќи
пред сцената
на својата уморна слика.
Соња Таировска
Ѓурчак
23. 1. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar