subota, 30. siječnja 2016.

КОРЕН

КОРЕН


Како корен во земја што си лежи,
така камен на место си тежи.
Корен жили во земја пушти
и растат уште жили густи.
Чудо и во камен се крие,
дали рубин во тебе спие?
Корен шири,камен тежи,
гора жали за родина си тажи.
Кавал песна прати,
рода наша од туѓина не се врати.
Секој ита,сегде скита
и во туѓина рода наша уште скита .
Корен и камен тажно јачи
Земја наша за рода плачи.
Корен ќе се скини и камен ќе пукни
земја рода мила назат ќе си викни.

Соња Таировска Ѓурчак

30.1. 2016 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar