ДАЛЕЧНИ СОНОВИ
Вистини, скриени
под перниците
на длабоките,
далечни сонови.
Пред многу
времиња, остави
трага вистинскиот
сон
во земјата на
божјата градина.
Сон кој го сони
утробата на земјата
каде расти и
семето на љубовта,
по полињата каде
пасат стадата
се излеват
песните на птиците,
гроздобери се
преточуваат во вино
во земјата на
божјата грдина.
Овде од дамнина,
свети кандилото и
ангели пеат за мир
и љубов.
Не прегорева,
желбата на вистината
шепоти надеж од
далечни сонови.
Верува во верата
на будниот сон
ги ткаае килимите
на радоста
под скриените
води на вечен живот.
Сега останаа само
бројани денови
до првите цветови
кој ке цветаат
од семето на
љубовта
во земјата на
божјата градина...
вистини, скриени од
далечни сонови.
Соња Таировска
Ѓурчак
23. 1. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar