nedjelja, 7. veljače 2016.

ТИШИНАТА СЕ СЛУША



ТИШИНАТА СЕ СЛУША

Тишината се слуша,
и таму далеку,
и уште подалеку
тишината се слуша.
Во земјата, на убавините
во земјата, на вљубените
во земјата,на распеаните птиците и
во земјата, на долгата историја.
И таму, каде и звездите патуваат
по патеката на раздиплената радост,
по посевите на среќата
каде  тишината зборува
а животот слуша и пишува.

Соња Таировска Ѓурчак

7. 2. 2016 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar