ЕДЕН ДЕН
Ќе свети само светлината,
ќе осветли
вистината на
копнежите
издлабени во земјата.
Еден ден,
ќе се
промени се.
Гласот,
ќе биди
мелодија на љубовта.
Исткаен во
корените кој се раширени
низ просторот на полињата.
Еден ден,
погледот,
ќе биди поблиску до небото
времето исто,
минатото исто како денес.
Посевите на
житните полиња ќе раскажуваат
за жетвата, која
богат род роди, и се ожна.
Еден ден,
ќе бидат
сите прашања одговорени
ќе се отворат
портите пред гробниците на предците.
Еден ден,
далечината
ќе биди толку блиску
сенки ќе се
простираат пред лицето на сонцето.
Сонцето ќе биди
скриено во големото срце.
Ќе се открие тајната
на прегратките
помеѓу снеговите.
кој ќе ги покријат
трагите на минатото.
А вистината
останува секогаш иста,
како Адам и Ева и
новото раѓање.
Соња Таировска
Ѓурчак
6. 1. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar