ЖИВОТОТ ПИШУВА
Животот пишува,
денот книгата ја чита
а будно го гледа патот
патувањето во
утрото топло и тивко
во непознатиот
свет.
Сонувани патеки,уморни очи
со поглед
прочитани мисли
пат во капки
солзи,
го запишуваат
времето на тагата.
Овој живот да се заборави немa
книгата влечи по
себе јато птици
на островот
слобода,на островот љубов
каде заборавање,
заборавање нема.
Соња Таировска
Ѓурчак
20. 1. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar