petak, 30. prosinca 2022.

Ти благодарам 2022 година

 

Ти благодарам 2022.ра Година.

Пред да се збогуваме, сакам искрајно и топло да ти се заблагодарам годино моја 2022 ра.Твоето време ми донесе многу убави моменти на кој сум ти многу благодарна,секако ти благодарам и на болните нешта кој ги здобив во текот на твоето време и остануваат да ги лечам и во 2023 година ,тоа беше само една нова лекција која ме направи многу појака,ми ги отвори очите,да не кажувам дека ми се прочистија и ушите па слушам и подобро.Со самите години и товарот отежнува плечките се спуштаат а брчките се вдлабнуваа.Не не се страмувам ,гордо ги прифакам сите овие  белези,горда и среќна  мајка сум ,горда и среќна благодарна баба сум,жена неуморна со обврски и почит кон моите најблиски и моето време.  Мајками велеше, се во свое време,па и во времето има време.Ова е мое време кога се оцртуваат и брчките по лицето,косата белее,се гледаат и килата .Не не се страмува жена сум која, која фамилија оформи , белешки струја вода дрва плаќам,сеуште домаќинството го водам,животна приказна која е длабоко вродена и од бога подарена во мене.Најубавото и нај големата кариера ми се децата и внучињата,тоа е богаство и кон бога благодарност.Не не се страмувам за борбата која ја водам со тишината, тагата која остави бразда во живата  приказна, сето ова ме направи појака жена.Ти благодарам годино моја 2022ра. А сега додека ти се заблагодарувам уживам во последниве часови сотебе во ова твое време које ме гали и ми нуди нова година и нови 365 дена.

Одам во времето и просторот да ја следам вистината да ја почитувам природата  законот оставен во тестаментот во стариот и новиот завет во Библијата.

Добредојде 2023 година ,добредојде во новите 365 дена, нека секојдневно се сее семето на цветовите за мир, радост, среќа,здравје,успех,почит и љубов во светот.Добредојде 2023 година.

Соња Таировска Ѓурчак

30. 12. 2022 Улм

nedjelja, 18. prosinca 2022.

МК

 Се е блиско и ништо не е далеку 

кога е Госпот Бог со тебе 

а душата полна со вечната љубов 

Господова.

АМИН  

ДА НАПИШАМ ПЕСНА кн 11

 

ДА НАПИШАМ ПЕСНА

Да напишам песна,

за животот,

за времето,

за војната,

за кризата

или за родните полиња

кои изгореа во државната суша.

Пишувам за животот

и го двојам од очајот.

Пишувам за времето

кое го соединувам со стихот.

Пишувам за војната

која ја заменувам со мир.

Пишувам за кризата

која ја споредувам со минатото и сега.

Пишувам за родните полиња

гледам,  носат нов цут и род.

Што  да напишам сега, кога е камено студено време,

останува  стрпливо да ја чекам пролета.

Соња Таировска Ѓурчак

18.12.2022 Улм

nedjelja, 11. prosinca 2022.

МК

 Не е проблем кога има проблем,

проблемот се решава,
проблем е кога правиме проблем,
без прпблем.

subota, 10. prosinca 2022.

МК

 

Само една единствена вистина има на овој свет,тоа е Господ ,кој е неменлив таков беше вчера таков е утре и таков останува во вечност, се друго е менливо.Испонета душа со оваа вистина е бескрајна интелегенција која ги отвора сите врати под небесиието а во умот владее мир,трпение,радост,среќа,љубов,слобода или семоќ.

 

 

nedjelja, 4. prosinca 2022.

МК

 Во зборот ни пламен ни жар има

ама знаае да те изгори.

ponedjeljak, 21. studenoga 2022.

МК

 

 

Човечката природа е не доиспитана

Умствениот  став е чудна тајна

Во човечкиот ум.

 

Соња Таировска Ѓурчак

21. 11. 2022  Улм

 

 

utorak, 15. studenoga 2022.

МК

 

Природата дава создава

и не го присвојува создаденото.

Добротата убавината

радоста ја дели со народот.

Соња Таировска Ѓурчак

15. 11. 2022 Улм

МК

 

Кога би ја совладале љубомората

би живееле во благородно семејство

и во благословена слога.

Сето ова бара чист ум и разум,

Соња Таировска Ѓурчак

15. 11. 2022 Улм

 

četvrtak, 3. studenoga 2022.

МК

 Има ли нешто подобро да ја имаме добрината на земјата а мислата да ни е како сонцето,душата да ни биди река убавина искрајна и полна со љубов?

Соња Таировска Ѓурчак
03.11. 2022 Улм

МК.

 

 

1.       Сонот е вистински,и кога ги сонуваш починатите родители,кој ти носат порака и преку сон,почитувај го зборот и пораката и во сон ти ја кажуваат вистина.И во тешките моменти издржи тоа е нивна желба во која те подржуваат.Ви благодарам.

2.       Можи да го почитуваш и сакаш човечкиот род,само ако се почитуваш и сакаш самиот себе.

3.       Помогни му на оној кој му е потребна помож,не на оној кој сака да ти земи,кој мисли дека имаш повеќе од него или од нив.Господ гледа почитувај.

4.       Не е мудрост да го сечиш дрвото,мудрост е да посадиш ново дрво кое ќе донеси нов цвет и род.

5.       Мудроста е во твојата душа,а успехот во твоите раце.Не откажувај се.

Соња Таировска Ѓурчак 

03.11. 2022 Улм 

nedjelja, 30. listopada 2022.

ДЕНЕС Е НЕДЕЛА кн 11

 ДЕНЕС Е НЕДЕЛА

Недела е знам
во едната одаа е шест сатот
во другата одаа е седум,
ми се потсмеваат и двата часовници.
Кога се пробудив,
беше седум или шес ?
Не, сигурно им се потсмевам и јас
гледаќи надвор низ прозорецот
во светлината и звухот
на песната и утринскиот ветер.
Недела е, звони тешината
врз сите часовници,
стрелките отскокнуваат од бројка до бројка.
Часовникот е сведок на времето
заробен во тишината на орото.
Денес е недела,недела е знам.

Соња Таировска Ѓурчак
30.10.2022 Улм

МОЛК ВО ШУМАТА кн 11

 

 

МОЛК ВО ШУМАТА

Се соголи шумата  и замолчи,

во срам на поглед,пред гранките голи,

капка солза, тишина полна

од страв која бега пред вистината.

Глас кој го буди денот

скриен во ноќта,

боите на  една душа  се одмараат

во гласот на песната.

Пред виулицата на стравот,

устата остана отворена 

а сонот се ниша пред очите на денот.

Се соголи шумата  и замолчи.

 

Соња Таировска Ѓурчак

30.10.2022 Улм

nedjelja, 9. listopada 2022.

МК

 

 

Земјата и книгата

имаат и двете големо значење,

само од книгата неизвира реката

ни се сее пченицата...


srijeda, 5. listopada 2022.

МК

 

Се вселив во континентот на книгата,  

каде е стиснато моето дество

измеѓу кориците на книгата

ме буди деството, се роди зората.

МК

 През цел ден,молчам, читам или пишувам,се пребројувам со тишината која се ниша...


utorak, 4. listopada 2022.

ЧЕТИРИ КАПКИ ВОДА кн 11

 

ЧЕТИРИ КАПКИ ВОДА

На исток капка вода

на запад солза моја,

север завива на глас

а југ далеку  од нас.

На четири страни  вода

ни трага ни глас од рода,

со времето туѓината ја делам

туѓина долга која лето нема.

Четири капки вода

капка по капка течат во иста река,

со крст вода се свети на сите четири страни,

за мир и радост црквата наша моли

овој народ да го спаси.

Исток,запад, север, југ

на сите четири страни светот е ист и нема друг.

Соња Таировска Ѓурчак

04.10.2022 Улм

 

ponedjeljak, 3. listopada 2022.

ПАТУВАМ БОСА кн 11

 ПАТУВАМ БОСА


Патувам боса со песната,
со песната од која ме болат нозете
долги печалбарси песни
кој ги пишувам на мајчин јазик.
Одам боса,
пишувам македонска песна
на прстите ноктите ме болат
а туѓите чевли ме стегаат..

Соња Таировска Ѓурчак
03. 10 2022 Улм

nedjelja, 25. rujna 2022.

МК

 

Зборот духовност се поврзува, со умственото размислување,човечките добри особини, ,свесноста, чесноста, искрајноста,истрајноста, дициплината  и интелегенцијата вродени или наследени.

subota, 24. rujna 2022.

МК

 Сите птици

од јатото не стигнуваа до целта.

МК

 

Самоубедувањето е многу големо и самовреднувањето на нештата се многу далеку од вистината.

МК

 Матријалната сопственост не се размножува ако во умот владее бес  и завис...

subota, 17. rujna 2022.

OPFER IN DER ZEIT

 OPFER IN DER  ZEIT

Leben ,Angst, Krieg

Wir sind Opfer in unseren Zeit

Was ist das wirklich

Leben,aber wie leben wir jetzt,

mit Angst von heute

mit Krieg von morgen.

Ist das leben?

NEIN …

Selbst wissen wir nicht

Wo und was ist unsere Ziel,

wo ist unsere Zeit

wer hat uns weg genommen,…

Ich Hofes ist nur eine Traum

Ins dunkle Nacht.

Sonja Durcak 

17.09. 2022  Ulm  

OPFER DER ZEIT

 

Leben, Krieg, Angst

Wir sind Opfer dieser Zeit

Ist das wirklich das Leben

Wie leben wir jetzt:

Angst heute,

Krieg morgen.

Ist das das Leben?

Nein...!

Wir wissen nicht

Wo ist unser Ziel

Wo unsere Zeit

Wer hat sie uns genommen?

Ich hoffe und wünsche es ist nur ein Traum

in einer dunklen Nacht

 

Sonja Durcak

 

Ulm, 17.9.2022

 

 

 

 


DE МК

 Ich danke euch allen, die mit Ihre riesiges seelische   Licht hat euch mich gratuliert zum meinem Geburtstag. Der Freude und des Lichts gehen weiter. ICH DANKE EUCH.



Ви благодарам на сите кој со вашата духовна светлина ми го честитавте роденденот,во новата ера животот продолжува да патува јасно по патот на радоста и светлината  ВИ БЛАГОДАРАМ

Соња Таировска Ѓурчак



Vi blagodaram na site koj so vasata duhovna svetlina mi go cestitavte rodendenot, vo novata era zivotot prodolzuva da patuva jasno po patot na radosta i svetlinata VI BLAGODARAM .


ponedjeljak, 5. rujna 2022.

КАТНА ГАРАЖА бр 11

 

КАТНА ГАРАЖА

На четири спрата изградена

kатна гаража, во центарот на минатото,

порачките на афтомобилите се стопираа.

Гаражата остана празна,пустош владее сега

во приземниот спрат на гаражата

сега мозоци се перат, со свински сапун.

Сапуницата поново ја сервираат

на свињето да ја пијат.

А мозоците ги сушат на телот

кој мајками го врза од оревот  до црешата.

Наредени под број и големина.

Чудо стигнавме скоро во Европа

која чука на секоја гаража и собира данок.

Сликата остана да виси во рушевината

стравот  ја измени бојата на сликата.

Малку е да се биди човек или нечовек

да можиш го слушаш гласот

кој одекнува во празната гаража

а  мозоците плача.

Еден ден ќе се промени светот, КОГА???

СоњаТаировска Ѓурчак

05.09.2022 Улм  

nedjelja, 4. rujna 2022.

ДА СЕ ВРАТАМ кн 11

 

ДА СЕ ВРАТАМ

Да се вратам, во јазикот на црвената боја

Да се вратам, горе во ридот

во манастирот обоен во жолта боја 

каде се собираат боговите и молат...

Во градината на немирното  езеро,

во кое бранува јазикот на поезијата.

Во утрото каде изчезнува  маглата

на површината на песочната плажа.

Радиото ја најавува новата утринска програма

птиците пеат во боите на непознатите  јазици.

Ќе се вратам во пролет со ластовиците

ќе се вратам под старата стреа,

 да правам ново гнездо

со јазикот и новите бои на поезијата.

Во тишината  на вистината и поезијата,

да се вратам...

Соња Таировска Ѓурчак

04.09.2022 Улм

subota, 3. rujna 2022.

ВО ЛАБАРТОРИЈАТА НА ЖИВОТОТ кн 11

 

ВО ЛАБАРТОРИЈАТА НА ЖИВОТОТ

Физика,Хемија,Биологија,

Психологија,филозофија.

Во која лабарторија да го

истражувам животот

просеан како семе просо,по улицата на науката.

Ја барам формулата на природата,

под сенката на стеблото.

Посигам по звездите, кој трчаат по

височините во новиот живот

на бездомници кој се вселија

во куката на матријалното

а новчаникот остана празен.

Животот течи, како во надојдена река

реката матна со мртви риби.

Разнесени по полето ,а полето остана празно 

го изгуби родор, стана мочвара!

Во атомот на земјата.

Криминал, разигран во лабарторијата

цената на струјата расти

народор е плен  во новата формула.

Колку убаво ќе беше

во тоа далечно време да се прифатеше

идејата за бесплатна струја од Никола Тесла .

Сега ке имафме еден проблем помалку

со нова формула.

Соња Таировска Ѓурчак

03.09.2022 Улм

četvrtak, 1. rujna 2022.

МК

 

Јас сум зрно песок, 

но цврсто во твоите раце, 

ТИ БЛАГОДАРАМ ГОСПОДИ.

НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН кн 11

 

НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН

На граничен премин,

програма, слики  гледам

и година во години редам.

Не ги препознавам сликите

секоја слика лик  изгубила,

со  години се крила и

во сенка била.

Остана само еден ден

каде времето  се брои

кучињата да лаат и

списокот запишан во  историја да стои.

Соња Таировска Ѓурчак

15.08.2022 Улм

 

nedjelja, 14. kolovoza 2022.

MK

 

Времето неможам да го враќам,

живитот тек сега го сваќам.

(многу долго треба да се прочитаат срцата)

četvrtak, 4. kolovoza 2022.

МК

 СЕКОЈА ИСПРАТЕНА ПОРАКА ИМА СВОЈА АКЦИЈА, СО СИГУРНОСТ ЈА ИСПРАЌАМЕ СОПСТВЕНАТА СЛИКА која е нај вистинска,и застапена во животот,*најчесто несвесно*.

Соња Таировска Ѓурчак
02.08. 2022

МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК книга бр 11

 

МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

Мојот мајчин јазик е,

чувар на времето,

на вистината,

чувар на светлината во моите очи.

Оваа вистина не се бриши, памти

иако зборувам на други јазици

во секој друг јазик сум само гостин,

почесен и благодарен гостин.

Секој јазик заслужува почит,

мајчиниот јазик е најблагословеното

богаство од вчера денес и утре.

Тоа е мојот мајчин Македонски јазик.

Соња Таировска Ѓурчак

02.08. 2022 Улм

МК

 

Животот е уметнички стварател,кој зависи од сопствената реакција и мотивација,во секојдневието го имаме клучот на успехот во рака, која врата ја отлучувааме таа се отвора.Колку ќе ја зголемиме среќата толку ќе уживаме во неа или спротивно.Животот несебично нуди многу повеќе,зависно што прифаќаме,и како допираат звуците до нашата мисла.Прво се ствара мислата потоа протекот оди во збор кој излегува од устата со стручност на јазикот,мислата зборот и јазикот се наша прва слика пред овој благословен живот.Ти благодарам Господи за оваа благороднос што си ни ја дал.

Соња Таировска Ѓурчак

04.08.2022

 

 

 

četvrtak, 28. srpnja 2022.

МК

 

Неможам да ја бирам судбината сама, таа ме бира мене.

nedjelja, 24. srpnja 2022.

СЕ Е ИГРА бр 11

 

СЕ Е ИГРА

Живејам во времето на безстварност,

во овој свет кој се распаѓа...

А Јас верувам во себе

верувам во животот,

верувам во играта наречена живот.

Пишувам,зборувам сама восебе

и ја прелистувам вистината.

Да го запрам времето

и  поново да се родам

и пак се е игра...

Соња Таировска Ѓурчак

24.07. 2022 Улм

 

 

subota, 23. srpnja 2022.

ПАТУВАМ ВО ЕДНА БАСНА бр 11

 

ПАТУВАМ ВО ЕДНА БАСНА

Патувам во животот на една басна

помеѓу слоговите на двата крика.

Ноќта слепо ползи,

а јазикот се заплеткува

во туите зборови,

расчистуваќи ја патеката

со осакатените чевли

во чадот  на црната  ноќ.

Сладоста се губи во изгубеното време

меѓу два меридијана.

Соња Таировска Ѓурчак

23. 07. 2022 Улм

 

 

 

МК

 

 

Човекот е како еден брод

патуваќи низ животот,секогаш се враќа

на своето пристаниште.

 

četvrtak, 21. srpnja 2022.

МК

 Слепилото на разумот е најголемата човечка болест,...

subota, 16. srpnja 2022.

МК

 

Градината е цветна

се додека расти и цвета,

ако нерасти и не цвета

се претвора во пустина.

Животот е градина.

 

četvrtak, 14. srpnja 2022.

МК

 Кога свесно свеста

ќе го свати фамиљарното стебло на животот
кое љубов се вика
разделби ке нема.
Соња Таировска Ѓурчак

СЈАЈНАТА МЕСЕЧИНА бр 11

 

СЈАЈНАТА МЕСЕЧИНА

 

Сјајната месчина,

која ги осветлува моите чекори

остана вклучена, во странската виза

а го осветлува родното стебло .

Семејното искуство ја скри насмевката
и продолжи по потрага на уморната вистина .

Мравките длабоко навлегоја

под кожата на стеблото

и го глодаат родот на едно стебло

које го оголија...

не остана ни еден лист ни еден цвет.
Сјајот од мојата месечина

ми подава рака,

ме води во океанот

на мојата Родина

мојата Татковина

во радост на животот,

во животот има една вистина

која љубов се вика.

„Љубов со љубов само се мери

И со ништо неможи да се смени.„

 

Соња Таировска Ѓурчак

04. 07. 2022 Улм

МК

 ТЕШКО Е ДОДЕКА ДА СЕ СОВЛАДЕЕ ТЕШКОТО ,

ПОТОА ДОАЃА ЛЕСНОТО.
Соња Таировска Ѓурчак


četvrtak, 9. lipnja 2022.

ЗБОРОТ ОСТАНУВА ЗАКОН бр 11

 

ЗБОРОТ ТВОЈ ОСТАНА ЗАКОН бр 11
Душата и телото се вечен живот,
одговорот останува неодговорен...
Сега,тука утре се е исто како и вчера.
Животот е сон кој го сонувам будно.
Мајко не сакам повеќе да плачам
Твојата свеќа,со солза да ја гасам.
Во зора рана Ти ме будиш
нова нада во секој ден ти ми нудиш.
Молчам пред олтарот
на твојата сакана мајчина душа,
уморно клечам и молам на гробот твој,
а по лице се лееат солзи рој.
Ти благодарам,што ме донесе на овј свет.
на твоите неспијани ноќи.
Те гледам како будно ме чуваш,
како ноќта ја правеше во ден,
а денес, тагата ја претвораш
во цветна пролет на љубовта вечна.
Молчам пред олтарот на твојата љубов
уморно, стојам насекаде те барам
Ти си мајко пролет и љубов вечна.
Те сакам, во срце те носам, од сите те кријам
љубовта твоја има точна адреса
која во гради мои бие,
зборот твој остана закон.
Соња Таировска Ѓурчак
09. 06. 2022 Улм

ДЛАБОКО ШУМИ ШУМАТА бр 11

 РАШТАН расписује КОНКУРС:

Posteingang
Benachrichtigungen

Sonja Durcak sonja.durcak@gmail.com

04.06.2022, 14:34 (vor 5 Tagen)
an urednistvo




ДЛАБОКО ШУМИ ШУМАТА           бр 11


Покојникот ги брои мртвите стебла

и ги запишуа кривините

на сопственијот ум.

Денот молчи, длабоко во шумата

го влечи обоеното јаже

ја бриши пота од облакот на лицето.

Згужваните прсти

ги собираат растурените мравки

под светлината на сивата масечина.

Длабоко шуми шумата

гласно крцкаат вратите,

и ја разголуваат тишината.

Покојникот замина,

по патеката на времето

со стегнати раци

во некое друго време.

Повикот остана на сопствената адреса.

 

Соња Таировска Ѓурчак

02.06.2022 Улм

 

 ПРЕВОД  

ДУБОКО ШУМИ ШУМА

 

Покојник броји мртва стабла

и пише кривину

сопственог ума.

Дан је тих,

дубоко у шуми

вуче обојени конопац

брише зној са облака на лицу.

Наборани прсти

Скупљају разбацане мраве

под светлошћу сивог месеца.

Дубоко шума шуми

врата јако шкрипе,

и разоткривају тишину.

Покојник је отишао,

на путу времена

са стиснутим песницама

у неко друго време.

Позив је остао у сопственој  адреси.

 

Соња Таировска Ѓурчак

02.06.2022 Улм