НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН
На граничен
премин,
програма, слики гледам
и година во
години редам.
Не ги препознавам
сликите
секоја слика лик изгубила,
со години се крила и
во сенка била.
Остана само еден
ден
каде времето се брои
кучињата да лаат
и
списокот запишан
во историја да стои.
Соња Таировска Ѓурчак
15.08.2022 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar