ЗБОРОТ ТВОЈ ОСТАНА ЗАКОН бр 11
Душата и телото се вечен живот,
одговорот останува неодговорен...
Сега,тука утре се е исто како и вчера.
Животот е сон кој го сонувам будно.
Мајко не сакам повеќе да плачам
Твојата свеќа,со солза да ја гасам.
Во зора рана Ти ме будиш
нова нада во секој ден ти ми нудиш.
Молчам пред олтарот
на твојата сакана мајчина душа,
уморно клечам и молам на гробот твој,
а по лице се лееат солзи рој.
Ти благодарам,што ме донесе на овј свет.
на твоите неспијани ноќи.
Те гледам како будно ме чуваш,
како ноќта ја правеше во ден,
а денес, тагата ја претвораш
во цветна пролет на љубовта вечна.
Молчам пред олтарот на твојата љубов
уморно, стојам насекаде те барам
Ти си мајко пролет и љубов вечна.
Те сакам, во срце те носам, од сите те кријам
љубовта твоја има точна адреса
која во гради мои бие,
зборот твој остана закон.
Соња Таировска Ѓурчак
09. 06. 2022 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar