nedjelja, 4. rujna 2022.

ДА СЕ ВРАТАМ кн 11

 

ДА СЕ ВРАТАМ

Да се вратам, во јазикот на црвената боја

Да се вратам, горе во ридот

во манастирот обоен во жолта боја 

каде се собираат боговите и молат...

Во градината на немирното  езеро,

во кое бранува јазикот на поезијата.

Во утрото каде изчезнува  маглата

на површината на песочната плажа.

Радиото ја најавува новата утринска програма

птиците пеат во боите на непознатите  јазици.

Ќе се вратам во пролет со ластовиците

ќе се вратам под старата стреа,

 да правам ново гнездо

со јазикот и новите бои на поезијата.

Во тишината  на вистината и поезијата,

да се вратам...

Соња Таировска Ѓурчак

04.09.2022 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar