utorak, 4. listopada 2022.

ЧЕТИРИ КАПКИ ВОДА кн 11

 

ЧЕТИРИ КАПКИ ВОДА

На исток капка вода

на запад солза моја,

север завива на глас

а југ далеку  од нас.

На четири страни  вода

ни трага ни глас од рода,

со времето туѓината ја делам

туѓина долга која лето нема.

Четири капки вода

капка по капка течат во иста река,

со крст вода се свети на сите четири страни,

за мир и радост црквата наша моли

овој народ да го спаси.

Исток,запад, север, југ

на сите четири страни светот е ист и нема друг.

Соња Таировска Ѓурчак

04.10.2022 Улм

 

Nema komentara:

Objavi komentar