četvrtak, 4. kolovoza 2022.

МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК книга бр 11

 

МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

Мојот мајчин јазик е,

чувар на времето,

на вистината,

чувар на светлината во моите очи.

Оваа вистина не се бриши, памти

иако зборувам на други јазици

во секој друг јазик сум само гостин,

почесен и благодарен гостин.

Секој јазик заслужува почит,

мајчиниот јазик е најблагословеното

богаство од вчера денес и утре.

Тоа е мојот мајчин Македонски јазик.

Соња Таировска Ѓурчак

02.08. 2022 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar