ДА НАПИШАМ ПЕСНА
Да напишам песна,
за животот,
за времето,
за војната,
за кризата
или за родните
полиња
кои изгореа во
државната суша.
Пишувам за
животот
и го двојам од
очајот.
Пишувам за
времето
кое го соединувам
со стихот.
Пишувам за
војната
која ја заменувам
со мир.
Пишувам за
кризата
која ја споредувам
со минатото и сега.
Пишувам за
родните полиња
гледам, носат нов цут и род.
Што да напишам сега, кога е камено студено време,
останува стрпливо да ја чекам пролета.
Соња Таировска Ѓурчак
18.12.2022 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar