petak, 30. prosinca 2022.

Ти благодарам 2022 година

 

Ти благодарам 2022.ра Година.

Пред да се збогуваме, сакам искрајно и топло да ти се заблагодарам годино моја 2022 ра.Твоето време ми донесе многу убави моменти на кој сум ти многу благодарна,секако ти благодарам и на болните нешта кој ги здобив во текот на твоето време и остануваат да ги лечам и во 2023 година ,тоа беше само една нова лекција која ме направи многу појака,ми ги отвори очите,да не кажувам дека ми се прочистија и ушите па слушам и подобро.Со самите години и товарот отежнува плечките се спуштаат а брчките се вдлабнуваа.Не не се страмувам ,гордо ги прифакам сите овие  белези,горда и среќна  мајка сум ,горда и среќна благодарна баба сум,жена неуморна со обврски и почит кон моите најблиски и моето време.  Мајками велеше, се во свое време,па и во времето има време.Ова е мое време кога се оцртуваат и брчките по лицето,косата белее,се гледаат и килата .Не не се страмува жена сум која, која фамилија оформи , белешки струја вода дрва плаќам,сеуште домаќинството го водам,животна приказна која е длабоко вродена и од бога подарена во мене.Најубавото и нај големата кариера ми се децата и внучињата,тоа е богаство и кон бога благодарност.Не не се страмувам за борбата која ја водам со тишината, тагата која остави бразда во живата  приказна, сето ова ме направи појака жена.Ти благодарам годино моја 2022ра. А сега додека ти се заблагодарувам уживам во последниве часови сотебе во ова твое време које ме гали и ми нуди нова година и нови 365 дена.

Одам во времето и просторот да ја следам вистината да ја почитувам природата  законот оставен во тестаментот во стариот и новиот завет во Библијата.

Добредојде 2023 година ,добредојде во новите 365 дена, нека секојдневно се сее семето на цветовите за мир, радост, среќа,здравје,успех,почит и љубов во светот.Добредојде 2023 година.

Соња Таировска Ѓурчак

30. 12. 2022 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar