nedjelja, 30. listopada 2022.

МОЛК ВО ШУМАТА кн 11

 

 

МОЛК ВО ШУМАТА

Се соголи шумата  и замолчи,

во срам на поглед,пред гранките голи,

капка солза, тишина полна

од страв која бега пред вистината.

Глас кој го буди денот

скриен во ноќта,

боите на  една душа  се одмараат

во гласот на песната.

Пред виулицата на стравот,

устата остана отворена 

а сонот се ниша пред очите на денот.

Се соголи шумата  и замолчи.

 

Соња Таировска Ѓурчак

30.10.2022 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar