ЖИВОТОТ НА ЕДНА ПРИКАЗНА Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Се роди,каде врбата свир
на виолина
поточето пее, а под
крушата Горница
се роди приказната нова.
Претседателството ја
здипли
во плико и ја испрати
да ја читаат
големите сили,без превод.
Стисната меѓу два бела
листа
стигна на сцената во
циркузот
каде мечката игра и се
поклонува
лавовите вриштат,зад
завесата
чуварот стои со отворена
пушка.
Градот тони во страв,
На излезот од циркузот
приказната ја читаат
верверичињата
и буквите ги кријат под
рофката земја.
Ја читам, приказната на
светот,
сонот ми доаѓа од мојата
Земја
и го сонувам само
будно,будно.
Соња Таировска Ѓурчак
13.11. 2019 Улм.
Nema komentara:
Objavi komentar