ДЕНОТ ПОНОВО
СЕ РАЃА Во СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
Во соборот на
туѓите јазици
се чита молитва
пред олтарот на животот.
Кафето,мириса
на туѓа земја,
Свеќи запалени
горат,
и јас палам свеќа
во црквата на денот.
Месечината
замина ,
а ноќта го прегрна
стравот.
Голите гранки
од младите дрва
утре ќе ги покрива
снежна покривка
во дворот на
новиот ден,
Месечината
поново се враќа
со свеќа во рака.
Во лицето на
огледалото скришум
се огледува една
девојка од друга земја
а денот поново
се раѓа.
Соња Таировска
Ѓурчак
09. 11.2019 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar