ДАЛЕЧИНАТА Е БОЛНА ВО СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ
По должината на времето,
тишината се памти,
и кога ја бришам ноќта
пред очите на денот.
Солзи,се тркалаат по
улицата
на часовникот, кој оди
со времето
и остава брчки по лицето,
се буди тишината
а,далечината е болна .
Чешмата,од
која
пијам
вода го лечи времето,
клечам
и молам
а животот
минува
младоста
диши,
староста
се топи како свеќа во далечината,
а времето
ме прати.
Далеку
е Татковината моја
јас растам
во секое ново утро
во цветната
градина во мојата Родина,
а далечината
е болна.
Соња
Таировска Ѓурчак
10. 11. 2019
Улм
Nema komentara:
Objavi komentar