nedjelja, 15. svibnja 2016.

ПЕСНА ЗА ЉУБОВТА

ПЕСНА ЗА ЉУБОВТА

Душата остана гола,
тоа што покрива е само солза моја.
Животот е жив,каде има трага љубов
смрт нема, љубов остана.
Пробудисе во оваа деноноќија
слушнија песната на љубовта
песната која ја пее душата моја.
Јато птици во сон ме водат
по стапките твој каде сега одат.
Пробуди се од сонувањата,
сонот длабоко сонува и спие,
пробудисе во оваа деноноќија!
Ангел чувар пред ливада стои
сонот твои будно го чува,
со звездите војна водам
по љубовта и сонот твој одам.
Езерото бранува и шепоти
пред утринската магла и ливада цветна,
љубовта е вистина,и вечна.
Песната за љубовта ја
праќам во небо,небото да ја чува.
Името на љубовта јас го чувам.

Соња Таировска Ѓурчак

15. 05. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar