ponedjeljak, 23. svibnja 2016.

ОД ДЕНОТ



ОД ДЕНОТ

Затворена остана портата од денот,
времето и просторот ја следат тишината,
распослана низ длабочините на минатото.
Камарчето, распаднато ја засолнува иконата
ја гледа вистината од денот и
од среќните времиња
што оставија трага од денот тука.
Таму каде и душата пролета ја буди
времето пишува,пишува од денот.
Таму далеку, на исток каде земјата и небото
прават рај од денот,
таму ја гледам уште светлината од денот,
ја слушам песната на земјата плодна,
цветовите ја шират бојата од денот ,
и мирисот на денот кој се простира,
до последната станица,
до хоризонтот на љубовта.

Соња Таировска Ѓурчак
23. 05. 2016 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar