četvrtak, 12. svibnja 2016.

ПОМНУВА

ПОМНУВА

Утринска зора рана
здив на пролет чиста
поглед кој милува
езерска вода сина.
Магла распослана по брегот
ја милува  тишината 
и светлината на зората рана.
А, погледот остана да плови
по брановите и водите сини ,
помнува на живот жив.
Стегна срце,крв течи а
самовила смрт прати.
Несмеам да плачам,
болка боли а неможам  да кажам
бурата ја помнува тагата
сонот се јавува како во ден
скријена тајна на галеби бели
згасна сон кој поново се раѓа во помнување.

Соња Таировска Ѓурчак
12.05. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar