utorak, 31. svibnja 2016.

ПО ПОТРАГАТА



ПО ПОТРАГАТА

Сите патишта го променија правецот,
а,  времето застана.
Птиците летаат во круг
а рибите пливаат во водите на жалоста.
Се се смена, се се пормени,
само адресата остана точна
од болната душа,
адресата од времето
и  улицата со истиот број.
Од која чешма сега,
течи водата на животот,
Која река ја пери
тагата на болната душа.
Од кој извор извира
силата на самодовербата.
По потрагата
која патува низ пустината.
По потрагата
која се распосла во туѓината.
По потрагата на времето
одам и одговорот го барам.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 05. 2016 Бад Швалбах

Nema komentara:

Objavi komentar