petak, 27. svibnja 2016.

ДЕНОТ Е МОРЕ



ДЕНОТ Е МОРЕ

Се пробуди од темнината
и се распосла во светлината.
Едно зрно песок,
жално денот го моли,
со тажна песна,  
пред отворено море.
Ноти од песок,
и музични бранови
пливаат во денот на морето,
наречен живот.
Мислите на морето,
таласаат патуваќи низ светлината
брануваа во денот на морето.
Денот е море,
блесок под сонцето и плавото небо
развој во која душата неуморно плива  
во светлината  на морето.
Денот е море и песна од песок.

Соња Таировска Ѓурчак
27. 05. 2016 Бад швалбах

Nema komentara:

Objavi komentar