utorak, 17. svibnja 2016.

ВЕНЕЦ ОД СОЛЗИ



ВЕНЕЦ ОД СОЛЗИ

Тука царува само љубовта,
во морето на тишината прозирна,
каде шкољките ги кријат
убавите бисери и,
ги чува морската  длабочината.
Во утрото рано кога здраците
тонат во длабочините,
се простираат како виножито по
должината и длабочината морска.
А гласот шуми низ обоените корали
на гробот во длабочината
и во прегратките на смрта.
На обалата морска венец од солзи
и молитва тешка.
А,над плавото море
лета само една пеперутка и,
мојата, мојата тага.

Соња Таировска Ѓурчак
16.05. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar