ponedjeljak, 22. veljače 2016.

ЗЛАТНАТА КУТИЈА

ЗЛАТНАТА КУТИЈА

Некаде далеку во приказните
те сретнав,
во вистините те понесов.
Ги распростирам сликите
една по една,слика по слика.
Влагата  го  нагриза сјајот,
на душата во златната кутија,
губеќи ја надежта,
тонеќи  во селските буњишта.
Владее мир во твојот напуштен дом
Тишината се шири низ камената куќа
само воздухот се протега
измеѓу земјата и небото.
А клучот е пред прагот на срцето.
Еден ден ке ја отклучат златната кутија
изморените верници  ке ги читаат сликите
од скриеното животно богаство
од тајната во златната кутија.
Тогаш почтокот и крајот ќе бидат иста игра.

Соња Таировска Ѓурчак

21.2. 2016 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar