srijeda, 10. veljače 2016.

PRED PRAGOT


ПРЕД ПРАГОТ


Еден збор, неуморно  плива
во тежината на душата
како една капка  море,
плива во водите на животот.
Ги отвора вратите на морето
под скриените води.
Пред прагот, светат копчињата
на потопените рибари
кој станаа почеток и крај,
на новите морски игри.
Кутијата со спомени ја понесоа
во длабочините на далечините.
Изгревот на сонцето ја виде вистината,
а месечарите, ја раскажуваат приказната
на заталканите спомени, за
писмото кое останаа не допишано,
и плива по површината на морето. 
Тежината остана точна  адреса.

Соња Таировска Ѓурчак

9. 2. 2016 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar