ponedjeljak, 15. veljače 2016.

ЖИВОТОТ Е ГОЛЕМ



ЖИВОТОТ Е ГОЛЕМ

Животот е голем,
животот е долг,
животот е длабок.
Лента запишана
од паталецот со вистината на животот.
Височината е висока,
должината е долга
длабочината е длабока.
А вистината лебди неоплодена,
во утринскиот весник.
Животот е голем
во животот на просторот.
Животот е долг по должината на патот
кој се издолжува со зборот.
Животот е длабок во длабочините
на светлината во светлината
на паталецот кој ја запиша вистината.
Победник над светлината и вистината нема.
Животот е голем....животот е краток....
Соња Таировска Ѓурчак
14. 2. 2016 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar