ВО ДЕНОТ
Сонот го напушти
домот
и замина во звезденото
небо.
Се роди сонце
златно,
потекоа извори
бистри
разиграа срца чисти.
Куќи стари, во
рушевини тежат,
само паежини и
спомени по нив весат.
Кучето тажно,
се враќа во празниот
двор,
растрчано низ
селото бара господар нов.
Се разлеа мирис
на пролетен цвет,
песна на птици во
убавиот ден.
Утрото е пак исто,
стомни вода
полни, раскажуваат и се
потпираат на зборови
други.
Во денот,
потрча децка
радост во нова игра.
Соња Таировска
Ѓурчак
28. 2. 2016 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar