subota, 26. prosinca 2015.

ДЕНОТ Е ДОЛГ

ДЕНОТ Е ДОЛГ

Природата се распослала
низ долгите улици,
пошумени со стебла во
надеж на безбројни очи.
Денот е долг, осветлен
со светилките на градските улични
под кои летаат изморени светулки.
Копнеж  по нешто ново
забораваќи ја стварноста.
Се се менува и повторува
само вистината останува
секогаш поврзана со мостот
на природата, како
децка играчка на животот.

Соња Таировска Ѓурчак
25. 12. 2015 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar