utorak, 1. prosinca 2015.

ПАТОТ Е ПРАЗЕН

ПАТОТ Е ПРАЗЕН

Барам низ замаглени очи сјај да видам,
длабоко се всадиле во Европа,
раширени платна,како за белење.
Насмевка нигде нема,
и времето се стурило во плач,
а капутот се треси како
последниот лист на дабот и
посига по сончевите здраци.
Се кити радоста,за новото раѓање.
Снежница и виулица се спуштила
срцата се смрзнале пред прагот од болницата
се слушаат чекори кој чекорат
по поатот на празникот,а патот е празен.

Соња Таировска Ѓурчак
1. 12. 2015 Улм


Nema komentara:

Objavi komentar