srijeda, 23. prosinca 2015.

СВЕТИЛКА НА ДЕНОТ

СВЕТИЛКА

Пред прагот на денот
стои запалена светилка.
Светилка која го осветлува
целиот просто,
измеѓу небото и земјата,
низ тишината на времето.
Се раѓа светилка кој се поновува
низ календарот,светилка на денот.
Се крие измеѓу деноноќното ветување
на немирот од темнината и светлината.
Црта нови слики по смрзнатите прозори
а се лепат по вените на пеперутките,
кој патуваат со светилката  на денот.
Тежат камењата на сопствениот сон
лебдат капките пред прагот на денот.
Само се пофторува празникот на денот,
а ја крие вистината закачена
по старите греди во плевната.

Соња Таировска Ѓурчак

23. 12. 2015 Улм 

Nema komentara:

Objavi komentar