utorak, 8. prosinca 2015.

ДА МОЖАМ

ДА МОЖАМ
Да можам,
ќе го вратам времето
заспано на поселата 
од животот.
Да можам,
ќе ги вратам жолтите
паднати лисја
од стеблто на добрината.
Да можам,
ќе ги вратам сите
птици кој одлетаа
во просторот и се изгубија во бурата.
Да можам,
да го соберам стадото
од широката ливада
на заблудата.
А рибите да ги извадам
од смрзнатите води.
Да можам.
Соња Таировска Ѓурчак
7. 12. 2015 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar