subota, 10. lipnja 2017.

МИР ДА ЦАРУВА бр.9

 МИР ДА ЦАРУВА                      во книгата бр. 9.               

Долг е патот,
по кој патува денот,
измеѓу небото и земјата
патува денот и радост носи.
.
На секоја земја мила
род и подари и сила,
во секоја планина и гора
извори до потоци и реки.
 
Од денот, глас се шири
со вера и молитва мири,
љубов во цел свет дарува,
секаде во светот мир да царува.

Соња Таировска Ѓурчак
10. 06. 2017 Улм

četvrtak, 8. lipnja 2017.

ГЛАС ОД ПЛАНИНАТА бр 9

ГЛАС ОД ПЛАНИНАТА                                           книга бр 9 .

Се родив,во подножјето
на планината Јасеноглава.
Од дабочините
извираше поточето
кое се потсмевкаше
и ја крадеше тишината на сенките,
кои на пладене преспиваа.
Се родив таму  каде се слуша 
глас од планината а сега живеам овде,
каде Дунав брзо течи,
јато птици чекаат да  фатат  миг од сонцето 
пред да заврши денот.
Струењето,на водата и воздухот
одминуваат, како непознат патник
меѓу времето на бегалците.
Се родив,таму а сега сум овде
на брегот кај се протега Дунав
распослан како победа на денот
со разиграни букви,
зборови, во стихови нанижани.
Се родив,таму,овде со животот се борам
пишувам и творам.
Те сакам Родино
Те љубам и Ти благодарам Татковино.

Соња Таировска Ѓурчак
08. 06. 2017 Улм

АФОРИЗМИ

*****

Од кој извор извира љубовта ....

*****

Каде е изворот на љубовта ....

utorak, 6. lipnja 2017.

ЉУБОВТА НА ЗЕМЈАТА ШЕПОТИ

ЉУБОВТА НА ЗЕМЈАТА ШЕПОТИ

Во убавината на утрото
кога заминав
и збогум зедов,
сонот остана
под преницата на љубовта.
Утрото се распосла
а сонцето го прегрна денот.
Капките роса тргнаа по патот
осамените птици летаа под небото,
кога заминав.
Сите птици се враќаат во гнездото
на стариот даб,
под покровите на камените куќички
кој се срушени
од времето од потресите
на непознатите, довикувќи во
силен плач....
Изворот на душата.
А љубовта на земјата шепоти......

Соња Таировска Ѓурчак
06. 06. 2017 Улм

srijeda, 31. svibnja 2017.

АВТОБУСОТ ЗАМИНА

АВТОБУСОТ ЗАМИНА


Сонувам,а сонот е вистина,
далечен е домот што го сонувам
далечен е, а сонувам.
Ја сонувам куќата созидана од камен
камен, кој се тркалаше по ридот.
Мислам но невидов
како се мери тежината на каменот
кој испука во поројот,
а денот го запиша времето.
Сонот остана,
камената куќа постана сон,
сон кој патува,
до аголот на автобуската постојка.
Автобусот замина ме дели времето
кое го делам со часовникот.
Една солза се тркала по лицето
на денот, а,автобусот замина.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 05. 2017 Улм

subota, 27. svibnja 2017.

АФОРИЗМИ

- Доброто носи секогаш добро....


*****


Убавината на животот е убавиот ум,
клуч кој ја отклучува уавината на животот.


*****

Одговор на секое прашање 
се наоѓа во молитвата на животот 


*****

Светлината е извор од каде извира животот 
земјата се радува и цветовите цветаат 


*****




Животот е слобода,
а, цврсто поврзан
со одговорноста на животот.


 *****


Времето патува и одминува
а денот носи ново време.


*****

Верата е живот која води и дава сила.

četvrtak, 25. svibnja 2017.

ДОМОТ НА ЉУБОВТА

ДОМОТ НА ЉУБОВТА

Домот на љубовта,
е, мојата душа,
свеќа која непрестано гори,
пламен кој и со тишината збори.
Домот на љубовта,
е светлината, која вечно гори,
неуморно плови,
во мирните води.
И кога водата се мати,
и кога,
некој,
некаде за љубов пати,
животот пак убавини ќе врати.
Со морско бранување од песок,
со љубов во сјај и блесок.
Кога надеж се губи,
во овој чуден свет
во домот на љубовта,
и, во мојата душа
пак цвета,
најубавиот цвет,
за целиот свет.
Домот на љубовта,
е, во мојата душа!

Соња Таировска Ѓурчак
25. 05. 2017 Улм