ДОМОТ НА
ЉУБОВТА
Домот на љубовта,
е, мојата душа,
свеќа која
непрестано гори,
Домот на љубовта,
е светлината,
која вечно гори,
неуморно плови,
во мирните води.
И кога водата
се мати,
и кога,
некој,
некаде за љубов
пати,
животот пак
убавини ќе врати.
Со морско
бранување од песок,
со љубов во сјај
и блесок.
Кога надеж се
губи,
во овој чуден
свет
во домот на
љубовта,
и, во мојата
душа
пак цвета,
најубавиот цвет,
за целиот свет.
Домот на љубовта,
е, во мојата
душа!
Соња Таировска
Ѓурчак
25. 05. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar