ЉУБОВТА НА
ЗЕМЈАТА ШЕПОТИ
Во убавината на
утрото
кога заминав
и збогум зедов,
сонот остана
под преницата
на љубовта.
Утрото се распосла
а сонцето го
прегрна денот.
Капките роса
тргнаа по патот
осамените птици
летаа под небото,
кога заминав.
Сите птици се
враќаат во гнездото
на стариот даб,
под покровите
на камените куќички
кој се срушени
од времето од
потресите
на непознатите,
довикувќи во
силен плач....
Изворот на
душата.
А љубовта на
земјата шепоти......
Соња Таировска
Ѓурчак
06. 06. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar