ЖИВЕАМ И ОДАМ
Не живеам времето
да ме прегази!
Живеам и одам
заедно со времето.
Небрзам, иако се
е толку забрзано околу мене
јас не се селам
во друга татковина
под ова небо е
мојата Татковина.
Каде и да одам
тоа патува и се сели во мојата душа
исплнета во
тишината на времето.
Те чувам и чуствува како мајчина љубов
за своето мило чедо.
Така се сака, тоа го научив од домот во кој растев
Во камената куќа во дворот на радоста
Во мирисот на вечната љубов.
Живеам и одам заедно со времето.
Соња таировска Ѓурчак
19.09.2026
Nema komentara:
Objavi komentar