ГЛАС ОД ПЛАНИНАТА книга бр 9 .
Се родив,во подножјето
на планината Јасеноглава.
Од дабочините
извираше поточето
кое се потсмевкаше
и ја крадеше
тишината на сенките,
кои на пладене
преспиваа.
Се родив таму каде се слуша
глас од планината а сега
живеам овде,
каде Дунав брзо
течи,
јато птици чекаат да фатат миг од сонцето
пред да заврши денот.
Струењето,на водата и
воздухот
одминуваат, како
непознат патник
меѓу времето на
бегалците.
Се родив,таму а сега сум
овде
на брегот кај
се протега Дунав
распослан како
победа на денот
со разиграни
букви,
зборови, во
стихови нанижани.
Се родив,таму,овде со
животот се борам
пишувам и творам.
Те сакам Родино
Те љубам и Ти благодарам Татковино.
Соња Таировска
Ѓурчак
08. 06. 2017 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar