srijeda, 31. svibnja 2017.

АВТОБУСОТ ЗАМИНА

АВТОБУСОТ ЗАМИНА


Сонувам,а сонот е вистина,
далечен е домот што го сонувам
далечен е, а сонувам.
Ја сонувам куќата созидана од камен
камен, кој се тркалаше по ридот.
Мислам но невидов
како се мери тежината на каменот
кој испука во поројот,
а денот го запиша времето.
Сонот остана,
камената куќа постана сон,
сон кој патува,
до аголот на автобуската постојка.
Автобусот замина ме дели времето
кое го делам со часовникот.
Една солза се тркала по лицето
на денот, а,автобусот замина.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 05. 2017 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar